Добро дојдовте во Хотел Капиштец, Скопје

Прекрасниот Хотел Капиштец се наоѓа под падините на планината Водно, во еколошки најчистиот и најтивкиот дел на Скопје, на само еден километар од Плоштадот Македонија, во близина на сите знаменитости и атракции, на 10 - минутна прошетка од трговскиот центар Рамстор. Овој тивок и пријатен хотел е опремен со удобно декорирани соби со бесплатен без-жичен интернет. На само 300 метри од хотелот можете да посетите ексклузивни продавници и ресторани или да прошетате по падините на планината Водно. Хотелот Капиштец, Скопје ви ги нуди сите хотелски услуги, телефакс, копирање и интернет. На ваше барање организираме транспорт на територијата на град Скопје или до/од аеродромот Александар Велики.

Дознај повеќеилиРезервации

Ново реновирани и модерно опремени соби.

Удобни соби во тивка и безбедна околина .

Бесплатен паркинг за сите наши гости пред нашиот хотел.

15 минути прошетка до туристичките знаменитости.

Јас останав во Скопје 10 дена и бев сместен во Хотелот Капиштец и тоа беше едно фантастично искуство. Иако патувам многу јас немам досега видено такво гостопримство. Дефинитивно ќе се вратам пак!

J.Raymond,Niederkorn, Luxembourg)

Персоналот беше неверојатно корисен и услужлив. Собите беа многу убави и убаво исчистени. Секојдневно добивавме нови крпи. Појадокот е добро спремен континентал доручек..

Katrine, Danmark

Ова ни е втор пат како отседнуваме во овој хотел и тоа јасно говори дека ни се бендисува многу. Убави и чисти соби, великодушни домаќини, тивка околина, многу убав доручек. Навистина вреди да се посети.

Marko Spaseski, Ohrid

Сопственикот беше многу пријателски расположен кон нас и убаво не пречека. Ние случајно ги заборавивме нашите пасоши во рецепцијата кога го напуштивме хотелот за престој на друго место.Тој стапи во контакт со нас за да ни даде до знаење дека сме ги заборавиле пасошите и потоа самиот допатува до нас за да ни ги врати. Неочекувано добра услуга.

Frank Charron, Pueblo (US)