Услуги и Капацитети

Хотелот нуди незаменливи услуги и хотелски капацитети, вклучувајќи и неколку гастрономски опции во близина на хотелот

Богат појадок

Нашата Шведска маса за појадок ви нуди да одберете многу деликатеси. Повеќето од нив се еколошки и домашно произведени. Има храна за сечиј вкус-како за странските така и за Македонските гости.

In Room Mini- Bar

Во секоја од функционално и ново опремените соби во хотелот Капиштец, Скопје имаат минибар и чај и кафе опрема за ваш комфор и задоволство.

Опуштање и масажа

После напорниот ден со состаноци, долг лет, или само за добар почеток на Вашиот годишен одмор, нашите високо квалификувани терапевти може да ве ослободат од стресот и напнатоста да ви помогнат да ја добиете потребната релаксација.

Бесплатен Паркинг

Бесплатниот паркинг за нашите гости е достапен пред хотелот. По желба организираме и прево до/од скопскиот Аеродром. Можеме да организираме и разгледување на градот и околината и да ви помогнеме при изнајмување на возило.